Зимски модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на образованието, 24 Јануари (International Day of Education, 24 January), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кој ќе биде реализиран преку поттикнување на креативното размислување кај младите користејќи анализа на истражувачки проекти базирани на научни методи. Преку оваа активност, младите ќе бидат едуцирани како да употребуваат научни методи преку формулација, тестирање и потврда на хипотеза, а резултатите од истражувачкиот проект да бидат применливи. Истата ќе претставува активност со интердисциплинарен карактер, кој предвидува инклузивен пристап во формирањето на тимовите кои ќе бидат учесници на „ЗАЕВ Академија за млади лидери од Западен Балкан“.
Летен модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на младите, 12 Авуст (International Youth Day, 12 August), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, преку реализирање низа активности. Претходно наведените активности ќе бидат со цел мотивација на младите поактивно да се вклучат во сите области од општествениот живот и да се охрабрат при носење одлуки од животно значење. Активности, кои младите треба да ги преземат за својата иднината, со што би обезбедиле подобра позиционираност во општеството.
Работилници за лидерство со фокус на развивање на лидерски вештини, вклучувајќи ефективна комуникација, одлучување и решавање проблеми
Воспоставување менторски програми каде што младите лидери ќе ја имаат можноста за професионално вмрежување и дискусија со професионалци кои споделуваат насоки и совети за градење на професионалниот живот
Започнување „Проекти за социјално влијание“ каде учесниците ќе имаат задача да ги идентификуваат социјалните предизвици во нивните заедници и да развијат проекти кои создаваат позитивни промени
Организирање натпревари за јавно говорење каде младите лидери можат да ги демонстрираат своите комуникациски вештини и да ги претстават своите идеи за тематики од општествено значење
Соработка со меѓународни организации со цел креирање програми за размена, овозможувајќи им на младите лидери да посетуваат и учат од различни земји, култури и модели на лидерство