ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје 24-25

Во рамки на „ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје“, насочена кон унапредување на човековото здравје, здравствената благосостојба и соодветна здравствената грижа како најзначаен предуслов за зачувување на човековиот живот, предвидена е одбележување на

7 Април - Светски ден на здравјето

Одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 Април (World Health Day, 7 April), кој се одбележува на годишнината на основањето на Светската здравствена организација, преку покренување обуки за воведување на Медицински кловнови на територијата на општина Струмица. Водејќи се од фактот дека воведувањето Медицински кловновие програма која се има покажено за исклучитено успешна во лекувањето на пациентите на светско ниво, резултатите од истата треба да бидат во насока на помагање на пациентите во болница да го намалат стресот, анксиозноста и кај децата – стравот од лекари. Со завршената обука (психологија, социјална работа и нега), нашата цел е идните медицински кловнови на пациентите и дечињата кои се подолго време во болница, преку еден поинаков пристап сопсихо-социјалнa поддршка коja е најважна за здравјето на пациентите, да резултира со одвлекување на вниманието на пациентот од тешките терапии.

14 Јуни - Светски ден на крводарителството

Одбележување на Светскиот ден на крводарителство, 14 Јуни (World Blood Donor Day, 14 June), како ден кој ќе биде посветен на подигање на свеста за крводарителство и покажување на солидарност и човечност на делосо спасувајќи човечки животи, преку организирање на крводарителска акција во Службата зa трансфузиона медицинa, Струмица.

1 Октомври - Меѓународен ден на старите лица

Одбележување на Меѓународниот ден на старите лица, 1 Октомври (International Day of Older Persons, 1 October), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел зголемување на свесноста за проблемите со кои се соочуваат старите лица, како и потенцирање на придонесот на постарите лица во општеството. Одбележувањето на истиот ќе биде реализирано преку организирање „Неделата посветена на грижата за стари лица“, која ќе вклучува активности како што се посети на стари, осамени и изнемоштени лица во нивни домови, доделување на помош во храна и средства за хигиена, како и посета на домовите за стари лица на територијата на општина Струмица.

10 Јуни - Светски ден посветен на менталното здравје

Одбележување на Светскиот ден посветен на менталното здравје, 10 Октомври (World Mental Health Day, 10 October), поддржан од страна на Светската здравствена организација, имајќи го предвид притисокот што го налага новиот начин на живот. Особено кај младата популација се создава основа за развој на депресија, бидејќи тие како целна група се повеќе под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медиуми, кои не се слика на реалноста и создаваат услови за социјална изолираност со чувство на неприфатеност. Согласно претходно наведеното, ќе бидат реализирани активности за превенција против претераната употреба на друштвените мрежи, појава на страв од исклученост (fear of missing out), автоагресивното однесување, социјалната дисфункционалност, отуѓувањето, изолацијата и чувството на осаменост, кои треба да резултираат со зголемување на свесноста за сериозноста на овој проблем.

27 Декември - Меѓународен ден на подготвеност за епидемии

Одбележување на Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, 27 декември (International Day of Epidemic Preparedness, 27 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации и Светската здравствена организација, поради потребата да се промовира важноста на подготвеноста, превенцијата и партнерството против епидемии. Ќе бидат реализирани активности за заштита на животот и здравјето на граѓаните, како директен придонес кон зголемување на квалитетот на грижата на пациентите.

Програмата ќе биде импелементирана со следните иницијативи:

Предизвици за здравствени иновации и предизвици за здравјето

  • Инкубатор за здравствени иновации: Воспоставување сеопфатна едногодишна програма за инкубатор што нуди финансирање, менторство, заеднички работни простори, пристап до податоци за здравствена заштита и партнерства со технолошки компании, притоа организирајќи демо денови каде што тимовите го прикажуваат напредокот и добиваат повратни информации од експерти.
  • Интерактивни здравствени киосци: Монтирање киосци на места со поголема фрекфенција опремени со биометриски сензори за проценки на здравјето во реално време (на пр., крвен притисок, пулс), обезбедување персонализирани здравствени совети и консултации со здравствени работници.
  • Предизвик за јавни личности - дарување крв: Јавни личности се натпреваруваат во предизвиците за промовирање на крводарителството и ја подигнуваат свеста за значењето на истото.
  • Предизвик за корпоративно дарување крв: Компаниите се натпреваруваат која може да донира најмногу крв во одредена временска рамка каде што вработените учествуваат со дарување крв, а компанијата со најголем број дарувања добива трофеј и јавно признание. Овој предизвик ја поттикнува тимската работа, ја зајакнува корпоративната општествена одговорност и ја нагласува важноста на дарувањето крв.

Кампањи за здравствена писменост и здравствена едукација

  • Сениорски здравствен авантуристички клуб: Организирање месечни тематски активности како што се „Jога во природата“, комбинирајќи физички активности од различен вид.
  • Меѓугенерациска културна размена: Организирање настани каде постарите и помладите генерации споделуваат културни традиции, музика и искуства, вклучувајќи активности како што се заедничко готвење традиционални рецепти, учење народни танци или создавање заеднички уметнички проекти.
  • Шоу за таленти: Организирање шоу за таленти со изведби на постари лица и членови на општеството од сите возрасти, охрабрувајќи ги да ги истакнуваат уникатните вештини и хобија како што се пеење, танцување и раскажување животни искуства.
  • Работилници за свесност: Организирање работилници за техники на свесност приспособени за постари возрасни лица, вклучувајќи практики како вежби за дишење и прогресивна мускулна релаксација, истовремено обезбедувајќи ресурси за континуирана пракса дома.

 Работилници за ментално здравје

  • Изложба за подигање свест за ментално здравје: Комбинирање на изложбата со интерактивни уметнички работилници, каде што присутните можат да учествуваат во создавање колективно дело што ја симболизира свеста за менталното здравје.
  • Сесии за медитација: Организирање медитација со велнес работилници, тури низ природата и активности на база на вода, обезбедувајќи сеопфатно искуство за ментално здравје со вклучување совети за исхрана и техники за управување со стрес.
  • Escape rooms за подготвеност за епидемија: Дизајнирање мобилни соби за бегство кои симулираат епидемиски сценарија, приспособени за различни возрасни групи, користејќи реквизити, податоци во реално време и заедничко решавање проблеми за да се научи подготвеноста при вакви вонредни околности.
  • Интерактивни симулации: Спроведување реални симулации на различни сценарија за вонредни состојби (на пр. здравствени итни случаи) каде што учесниците можат да ги практикуваат своите вештини во контролирана средина, обезбедувајќи им на учесниците сеопфатни комплети за ресурси, вклучувајќи листи за проверка, списоци со контакти за итни случаи, водичи за прва помош и основни материјали.
Skip to content