Одбележување на Меѓународниот ден на старите лица, 1 Октомври (International Day of Older Persons, 1 October), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел зголемување на свесноста за проблемите со кои се соочуваат старите лица, како и потенцирање на придонесот на постарите лица во општеството. Одбележувањето на истиот ќе биде реализирано преку организирање „Неделата посветена на грижата за стари лица“, која ќе вклучува активности како што се посети на стари, осамени и изнемоштени лица во нивни домови, доделување на помош во храна и средства за хигиена, како и посета на домовите за стари лица на територијата на општина Струмица.
Одбележување на Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, 27 декември (International Day of Epidemic Preparedness, 27 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации и Светската здравствена организација, поради потребата да се промовира важноста на подготвеноста, превенцијата и партнерството против епидемии. Ќе бидат реализирани активности за заштита на животот и здравјето на граѓаните, како директен придонес кон зголемување на квалитетот на грижата на пациентите.
Одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 Април (World Health Day, 7 April), кој се одбележува на годишнината на основањето на Светската здравствена организација, преку покренување обуки за воведување на „Медицински кловнови“ на територијата на општина Струмица. Водејќи се од фактот дека воведувањето „Медицински кловнови“ е програма која се има покажено за исклучитено успешна во лекувањето на пациентите на светско ниво, резултатите од истата треба да бидат во насока на помагање на пациентите во болница да го намалат стресот, анксиозноста и кај децата – стравот од лекари. Со завршената обука (психологија, социјална работа и нега), нашата цел е идните медицински кловнови на пациентите и дечињата кои се подолго време во болница, преку еден поинаков пристап сопсихо-социјалнa поддршка коja е најважна за здравјето на пациентите, да резултира со одвлекување на вниманието на пациентот од тешките терапии.
Одбележување на Светскиот ден посветен на менталното здравје, 10 Октомври (World Mental Health Day, 10 October), поддржан од страна на Светската здравствена организација, имајќи го предвид притисокот што го налага новиот начин на живот. Особено кај младата популација се создава основа за развој на депресија, бидејќи тие како целна група се повеќе под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медиуми, кои не се слика на реалноста и создаваат услови за социјална изолираност со чувство на неприфатеност. Согласно претходно наведеното, ќе бидат реализирани активности за превенција против претераната употреба на друштвените мрежи, појава на страв од исклученост (fear of missing out), автоагресивното однесување, социјалната дисфункционалност, отуѓувањето, изолацијата и чувството на осаменост, кои треба да резултираат со зголемување на свесноста за сериозноста на овој проблем.
Одбележување на Светскиот ден на крводарителство, 14 Јуни (World Blood Donor Day, 14 June), како ден кој ќе биде посветен на подигање на свеста за крводарителство и покажување на солидарност и човечност на делосо спасувајќи човечки животи, преку организирање на крводарителска акција во Службата зa трансфузиона медицинa, Струмица.
Започнување со серија „Здравствени иновации – предизвици предводени од заедницата“ и „Предизвици за здравствена благосостојба“ во соработка со организации во локалната заедница, училишта и институции. Целта е имплементирање програми за промоција на здравјето, вклучувајќи работилници и интерактивни сесии на различни здравствени теми како што се здравата исхрана, менталното здравје и превенција на болести, прилагодени на специфичните потреби на заедницата
Организирање „Саеми посветени на јавното здравје“ каде што присутните можат да добијат информации за превентивна нега и да се вклучат во интерактивни активности кои промовираат здрав начин на живот
Развивање „Кампањи за здравствена писменост и здравствена едукација“ насочени кон специфични здравствени проблеми, користејќи креативен пристап за подигање на свеста кај пошироката јавност
Спроведување „Работилници за ментално здравје“ кои се однесуваат на свеста за менталното здравје и техники за намалување на стресот
Иницирање на велнес програми во училиштата и програми за зајакнување на менталното здравје кај младите кои промовираат физичка активност, здрави навики во исхраната и ментална благосостојба
Поттикнување на меѓународни истражувачки проекти со академски институции и меѓународни истражувачки организации за да се спроведат истражувања за прашања поврзани со јавното здравје. Целта е да идентификуваат ефективни интервенции, да се проценат актуелните здравствените политики и да развијат иновативни пристапи за превенција и управување со болести
ZAEV Foundation © Copyright 2025 All rights reserved. Powered by Eon Marketing