ЗАЕВ Академија за млади лидери 24-25

Во рамки на „ЗАЕВ Академија за млади лидери“ е предвидено учесниците да можат да работат индивидуално и во групи со истакнати поединци, стекнувајќи лидерски вештини и унапредувајќи го својот професионален раст и развој. Точниот број на ученици, потребните професионални квалификации и компетенции, процесот на аплицирање, процесот на селекција, точната програма со предавања и интерактивни работилници, семинари и студиски посети дополнително ќе биде дефинирана. Реализацијата на оваа Академија предвидува одбележување на 2 (два) меѓународно значајни денови и тоа

24 Јануари - Меѓународен ден на образованието

Зимски модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на образованието, 24 Јануари (International Day of Education, 24 January), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кој ќе биде реализиран преку поттикнување на креативното размислување кај младите користејќи анализа на истражувачки проекти базирани на научни методи. Преку оваа активност, младите ќе бидат едуцирани како да употребуваат научни методи преку формулација, тестирање и потврда на хипотеза, а резултатите од истражувачкиот проект да бидат применливи. Истата ќе претставува активност со интердисциплинарен карактер, кој предвидува инклузивен пристап во формирањето на тимовите кои ќе бидат учесници на ЗАЕВ Академија за млади лидери од Западен Балкан.

12 Август - Меѓународен ден на младите

Летен модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на младите, 12 Авуст (International Youth Day, 12 August), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, преку реализирање низа активности. Претходно наведените активности ќе бидат со цел мотивација на младите поактивно да се вклучат во сите области од општествениот живот и да се охрабрат при носење одлуки од животно значење. Активности, кои младите треба да ги преземат за својата иднината, со што би обезбедиле подобра позиционираност во општеството.

Програмата ќе се имплементира преку следните иницијативи:

Работилници „Иновативно лидерство“:

  • Тематски работилници: Организирање работилници фокусирани на специфични теми за лидерство како што се етичко лидерство, дигитална трансформација и управување со кризи, каде што секоја тематска работилница може да вклучува симулации и интерактивни вежби за решавање проблеми.
  • Техничка интеграција: Воведување технолошки алатки за лидерство, како што се платформи за дигитална соработка, вештачка интелигенција и виртуелна реалност за тимска динамика.

Серија „Лидерство во акција“:

  • Теренски посети: Вклучување посети на успешни организации, социјални претпријатија и проекти во заедницата за да се воочи лидерството во акција и да се научи од примери од реалниот свет.
  • Студии на случај во живо: Поканување деловни лидери да ги претстават тековните предизвици со кои се соочуваат нивните организации, дозволувајќи им на учесниците да работат во тимови за да развијат и презентираат решенија.

„Глобална мрежа за менторство“:

  • Усогласување меѓу секторите: Спојување млади лидери со ментори од различни сектори (корпоративни, непрофитни, владини).
  • Импакт цели: Поставување од страна на менторите и менторираните конкретни цели за нивното менторско искуство водени од импакт, како што е започнување проект или постигнување значајна пресвртница во кариерата.

„Обратно менторство“:

  • Сесии за промена на улогите: Организирање сесии каде што менторираните водат дискусии за новите трендови и технологии, обезбедувајќи им увид на нивните ментори и поттикнувајќи двонасочно искуство за учење.
  • Дијалог меѓу генерациите: Фасилитирање настани за дијалог меѓу генерациите каде млади лидери и искусни професионалци дискутираат и разменуваат идеи за лидерството, иновациите и  општественото влијание.
Skip to content