ЗАЕВ Конгресен центар 24-25

Во рамки на „ЗАЕВ Конгресен центар“ со цел унапредување на соработката со лидери на глобално ниво во духот на демократските вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста, покрај останатите активности, предвидена е одбележување на

1 Мај - Меѓународен ден на трудот

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај (International Labour Day, 1 May), преку преземање конкретни чекори за социјална и економска инклузија, имајќи предвид дека основно право на човекот е да биде заштитен и сигурен на работното место, а одлика на секое современо општество е почитување и вреднување на сечиј труд подеднакво;

9 Мај - Ден на Европа

Одбележување на Денот на Европа, 9 мај (Europe Day, 9 May), преку организирање на Европска неделана територијата на општина Струмица, водејќи се од постулатот дека Европа е концепт кој е заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, а не само географска одредница;

21 Септември - Меѓународен ден на мирот

Одбележување на Меѓународниот ден на мирот, 21 Септември (International Day of Peace, 21 September), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на зајакнување на идеалите за мир меѓу сите народи.

24 Октомври - Ден на Обединетите нации

Одбележување на Денот на Обединетите нации, 24 Октомври (United Nations Day, 24 October), кој ќе биде посветен на иницијативата за зголемување на јавната свест за реализација на 17-те цели за одржлив развој, усвоени од страна на светските лидери во 2015 година. Секоја од 17-те цели претставува предизвик за целиот свет и за нивната реализација е потребна соработка помеѓу сите општествени актери;

30 Јули - Меѓународен ден на пријателството

Одбележување на Меѓународниот ден на пријателството, 30 Јули (International Day of Friendship, 30 July), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

Програмата ќе биде имплементирана преку следните иницијативи:

  • Дигитални права: Покренување прашања околу дигиталните права, приватноста и влијанието на социјалните медиуми врз демократските процеси.
  • Сајбер безбедност: Разговарање за стратегии за заштита на демократските институции од сајбер закани.
  • Климатски иновации: Истакнување иновативни решенија за ублажување и адаптација на климатските промени.
  • Зелена економија: Дискутирање за транзицијата кон зелена економија и нејзините импликации врз пазарите на трудот и социјалната правда.
  • Економска еднаквост: Дискусии за економската нееднаквост и стратегии за создавање поинклузивни економии.
  • Социјални претпријатија: Истакнување на улогата на социјалните претпријатија во поттикнувањето на економските и социјалните промени.
  • Идејни решенија: Создавање центри за иновации каде што учесниците ќе можат да ги изнесат своите идеи и да добиваат повратни информации од експерти и колеги.
  • Колаборативни работни простори: Поставување заеднички работни простори каде што учесниците можат да работат заедно на проекти за време на конференција/конференции.
Skip to content