ЗАЕВ Конгресен центар 23-24

Во рамки на „ЗАЕВ Конгресен центар“ со цел унапредување на соработката со лидери на глобално ниво во духот на демократските вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста, покрај останатите активности, предвидени се одбележувања на:

24 Октомври - Ден на Обединетите нации

Одбележување на Денот на Обединетите нации, 24 Октомври (United Nations Day, 24 October), кој ќе биде посветен на иницијативата за зголемување на јавната свест за реализација на 17-те цели за одржлив развој, усвоени од страна на светските лидери во 2015 година. Секоја од 17-те цели претставува предизвик за целиот свет и за нивната реализација е потребна соработка помеѓу сите општествени актери;

21 Септември - Меѓународен ден на мирот

Одбележување на Меѓународниот ден на мирот, 21 Септември (International Day of Peace, 21 September), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на зајакнување на идеалите за мир меѓу сите народи.

1 Мај - Меѓународен ден на трудот

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај (International Labour Day, 1 May), преку преземање конкретни чекори за социјална и економска инклузија, имајќи предвид дека основно право на човекот е да биде заштитен и сигурен на работното место, а одлика на секое современо општество е почитување и вреднување на сечиј труд подеднакво;

9 Мај - Ден на Европа

Одбележување на Денот на Европа, 9 мај (Europe Day, 9 May), преку организирање на Европска неделана територијата на општина Струмица, водејќи се од постулатот дека Европа е концепт кој е заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, а не само географска одредница;

30 Јули - Меѓународен ден на пријателството

Одбележување на Меѓународниот ден на пријателството, 30 Јули (International Day of Friendship, 30 July), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

Програмата ќе биде имплементирана преку следните иницијативи:

Организирање на конференции или самити за професионално вмрежување различни теми од општествен, политички, културен, социјален и економски интерес кои овозможуваат поттикнување кооперативност и можности за споделување знаење

  • Идентификување на релевантни и навремени теми за конференциите/ самитите врз основа на актуелните општествените предизвици од политички, културен, социјален и економски интерес;
  • Обезбедување присуство на реномирани клучни говорници и експерти, истражувачи и практичари да ги споделат и демонстрираат своите искуства, мислења и согледувања преку комбинација од панел-дискусии, сесии и интерактивни работилници;
  • Стимулирање професионално вмрежување преку платформа во која присутните ќе разменуваат идеи и ќе ја продолжат својата соработка во иднина.
Skip to content