Одбележување на Светскиот ден на храната, 16 Октомври (World Food Day, 16 October), во чест на датумот на основањето на Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации и одбележување на Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, 17 Октомври (International Day for the Eradication of Poverty, 17 October), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Со одбележувањето на овие денови преку оваа програма со активности насочени кон развој на решенија во општеството, ќе се приклучиме кон активностите за постигнување Свет без глад до 2030 година (Zero Hunger by 2030), поттикнати од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Едно од претходно наведените решенија ќе биде имплементацијата на концептот „Фрижидери на заедницата“ (Community Fridges) на одредени локации на територијата на општина Струмица (урбани/рурални средини). Во „Фрижидерите на заедницата“ ќе биде складирана храна/пијалоци од пазарните вишоци (ќе бидат достапни на сите производители на храна, дистрибутери, трговци и угостители кои сакаат да ги донираат своите пазарни вишоци на храна/пијалоци), како и достапни на сите граѓани кои сакаат да донираат прехранбени производи или вишоци од нивните јадења/пијалоци на дневна база.
Одбележување на Одржливиот ден на гастрономијата, 18 Јуни (Sustainable Gastronomy Day, 18 June), преку реализација на активности со поставен фокус на важноста од консумирање здрава исхрана. Имајќи предвид дека општина Струмица ги има сите почвени и климатски предности за конкурентно земјоделско производство, ќе бидат отворени промотивни штандови за здрава исхрана. Со отварањето на овие промотивни штандови, ќе биде овозможен пристап до локално произведената и свежа храна од семејните земјоделци, а на кои самите земјоделци од локалното население ќе бидат присутни за сопствена промоција и продажба на сопствените производи.