ЗАЕВ Хакатон 25-26

Во рамки на „ЗАЕВ Хакатон“ кој има за цел да поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат предлог иновативни софтверски и мултимедијални решенија центрирани околу одредена актуелна тема, предвидена е одбележување на

11 Февруари - Меѓународен ден на девојките и жените во науката

Меѓународниот ден на девојките и жените во науката, 11 Февруари (International Day of Women and Girls in Science, 11 February), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации,а кој ќе биде одбележан преку развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти, на кој ученици ќе бидат девојки и жени. Овој хакатон ќе биде реализиран со цел да се зголеми интересот на девојките и жените кон вклученост во науката, имајќи предвид дека жените се сè поприсутни во науката, но тој напредок и нивна вклученост не се доволни.

21 Април - Светски ден на креативноста и иновативноста

  • Одбележување на Светскиот ден на креативноста и иновативноста, 21 Април (World Creativity and Innovation Day, 21 April), поддржувајќи ги „Глобалните цели за одржлив развој на Обединетите нации преку организирање на хакатон, како ден кој ќе биде стимулација на креативноста во решавањето на проблемите поврзани со постигнувањето на целите за одржлив развој. Истиот ќе им овозможи на учесниците да создадатпредлог-решенија и концепти за краток период,а времетраењетои видот на хакатонот дополнително ќе бидат дефинирани. Организацијата на хакатонот ќе има за цел да ги поттикне и мотивира младите да размислуваат во насока на развивање на иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тематиката која дополнително ќе биде определена, покрај креативноста ќе поттикне и претприемничко размислување кај младите.Предлог-решенијата и концепти треба да бидат наменети за решавање на специфичен проблем со кој се соочува група на граѓани, со предлог стратегија за имплементација и промоција на истата.

20 Јуни - Светски ден на бегалците

Светскиот ден на бегалците, 20 Јуни (World Refugee Day, 20 June), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на бегалците кои биле принудени да ги напуштат своите домови, пред сè, поради воени судири, насилство и прогон. Овој хакатон ќе биде реализиран во насока на развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти за справување со приливот на бегалци. Овие предлог-решенија и концепти треба да помогнат на справување со егзодусот во Украина, имајќи предвид дека истиот може да стане најголемата бегалска криза на векот.

 

15 Јули - Светски ден на вештини на младите

Светскиот ден на вештини на младите, 15 Јули (World Youth Skills Day, 15 July), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на младите, ќе биде одбележан преку организација на хакатон со развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти за успешен професионален развој на младите. Овој хакатон треба да резултира со предлог-решение или концепт за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на современиот пазар на труд, а кои треба да бидат алатка за конкурентност на младите на истиот.

 

Инцицијативи кои ќе бидат имплементирани во програмата се:

  •  Урбан иновативен спринт “Hack the City”

24-часовен предизвик каде тимови дизајнираат паметни градски решенија за Струмица - на пр., апликации за управување со отпад, алатки за урбана мобилност или контролни табли за повратни информации од граѓаните.

  • Skills4Future Hack Camp

Тридневен практичен хакатон каде тимовите развиваат решенија за премостување на јазот во вештините во руралните или заедниците со недоволно ресурси. Теми: платформи за стручно образование, гејмифицирано учење или апликации за подготвеност за работа.

Skip to content