ЗАЕВ Банка за храна 26-27

Во рамки на „ЗАЕВ Банка за храна“ преку собирање на вишоци храна, нивно складирање и дистрибуција до социјално загрозените категории на граѓани во борбата против сиромаштијата и гладот. Одбележувањето на активностите во оваа програма ќе биде во координација и со активностите од „ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје“, предвидено е одбележување на

16 и 17 Октомври - Светски ден на храната и борба против сиромаштијата

Одбележување на Светскиот ден на храната, 16 Октомври (World Food Day, 16 October), во чест на датумот на основањето на Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации и одбележување на Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, 17 Октомври (International Day for the Eradication of Poverty, 17 October), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Со одбележувањето на овие денови преку оваа програма со активности насочени кон развој на решенија во општеството, ќе се приклучиме кон активностите за постигнување Свет без глад до 2030 година (Zero Hunger by 2030), поттикнати од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Едно од претходно наведените решенија ќе биде имплементацијата на концептот Фрижидери на заедницата(Community Fridges) на одредени локации на територијата на општина Струмица (урбани/рурални средини). Во Фрижидерите на заедницатаќе биде складирана храна/пијалоци од пазарните вишоци (ќе бидат достапни на сите производители на храна, дистрибутери, трговци и угостители кои сакаат да ги донираат своите пазарни вишоци на храна/пијалоци), како и достапни на сите граѓани кои сакаат да донираат прехранбени производи или вишоци од нивните јадења/пијалоци на дневна база.

18 Јуни - Одржлив ден на гастрономијата

Одбележување на Одржливиот ден на гастрономијата, 18 Јуни (Sustainable Gastronomy Day, 18 June), преку реализација на активности со поставен фокус на важноста од консумирање здрава исхрана. Имајќи предвид дека општина Струмица ги има сите почвени и климатски предности за конкурентно земјоделско производство, ќе бидат отворени промотивни штандови за здрава исхрана. Со отварањето на овие промотивни штандови, ќе биде овозможен пристап до локално произведената и свежа храна од семејните земјоделци, а на кои самите земјоделци од локалното население ќе бидат присутни за сопствена промоција и продажба на сопствените производи.

Програмта ќе се имплементира преку следните иницијативи:

Акција „Ниту едно дете гладно“: Организирање акции за обезбедување училишни оброци и пакети со основни прехранбени производи за семејства во социјален ризик.
Мрежа за собирање вишоци храна: Формирање волонтерска мрежа за собирање вишоци храна од маркети, ресторани и настани и нивна дистрибуција до семејства на кои им е потребна помош.

Урбани градини за заедницата: Поставување мали урбани градини и едукативни работилници за одгледување храна во урбани услови.
Натпревар за здрав и одржлив оброк: Организирање натпревар помеѓу млади и ученици за подготовка на здрави и достапни оброци со локални производи.

Skip to content