Одбележување на Светскиот ден на храната, 16 Октомври (World Food Day, 16 October), во чест на датумот на основањето на Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации и одбележување на Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, 17 Октомври (International Day for the Eradication of Poverty, 17 October), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Со одбележувањето на овие денови преку оваа програма со активности насочени кон развој на решенија во општеството, ќе се приклучиме кон активностите за постигнување Свет без глад до 2030 година (Zero Hunger by 2030), поттикнати од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Едно од претходно наведените решенија ќе биде имплементацијата на концептот „Фрижидери на заедницата“ (Community Fridges) на одредени локации на територијата на општина Струмица (урбани/рурални средини). Во „Фрижидерите на заедницата“ ќе биде складирана храна/пијалоци од пазарните вишоци (ќе бидат достапни на сите производители на храна, дистрибутери, трговци и угостители кои сакаат да ги донираат своите пазарни вишоци на храна/пијалоци), како и достапни на сите граѓани кои сакаат да донираат прехранбени производи или вишоци од нивните јадења/пијалоци на дневна база.
Одбележување на Одржливиот ден на гастрономијата, 18 Јуни (Sustainable Gastronomy Day, 18 June), преку реализација на активности со поставен фокус на важноста од консумирање здрава исхрана. Имајќи предвид дека општина Струмица ги има сите почвени и климатски предности за конкурентно земјоделско производство, ќе бидат отворени промотивни штандови за здрава исхрана. Со отварањето на овие промотивни штандови, ќе биде овозможен пристап до локално произведената и свежа храна од семејните земјоделци, а на кои самите земјоделци од локалното население ќе бидат присутни за сопствена промоција и продажба на сопствените производи.
Организирање на „Акции за храна“ (добротворни иницијативи/настани насочени кон собирање и донирање прехранбени производи на поединци или семејства на кои им е потребна). Учесниците можат да понудат решенија во врска со глобалната несигурност во снабдувањето со храна и да им помогнат на оние кои се борат да си дозволат или да пристапат до здрава храна, заедно со спроведување „Кампања за намалување на загубата и отпадот од храна“и неговото влијание врз животната средина
Организирање „Работилници за нутриционистичка едукација“ посветени на здравата исхрана и здравите навики со цел едукација на учесниците за важноста од придржување кон здравата исхрана и обезбедување практични совети при имање на располагање предвиден буџет
Иницирање на креирањето „ Општествени градини“ каде што учесниците ќе можат да одгледуваат овошје, зеленчук и билки, додека собраните производи може да се донираат во согласност со веќе предвидените активности во програмата, промовирајќи самоодржливост и здрава исхрана
Организирање на специјално дизајнирани часови за готвење за ранливите заедници, фокусирајќи се на достапни, хранливи и лесни оброци каде што учесниците можат да научат основни вештини за готвење и да добијат персонализирани брошури со рецепти