Одбележување на Светскиот ден на социјалната правда, 20 Февруари (World Day of Social Justice, 20 February), прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на борбата против сиромаштијата, невработеноста и еднаквоста. Имајќи предвид дека целта на одбележувањето на овој ден е промовирање на солидарноста, еднаквоста и рамноправноста, ќе биде реализирано мапирање на територијата на општина Струмица, кое би опфатило различни целни групи на семејства и индивидуалци (млади и возрасни). Целта на мапирањето е да се направи објективна анализа преку сумирање на резултатите од целните групи во поглед на возраст, пол, професија (дали станува збор за испитаници кои вработени, но со многу ниски примања; дали станува збор за испитаници кои се невработени, но се активни баратели на работаили пак истите воопшто не се вклучени на пазарот на труд ниту како вработени, ниту како активни баратели на работа) и работно искуство (дали испитаниците имаат квалификации да бидат вклучени на пазарот на труд ако станува збор за невработени испитаници). По завршувањето на ова мапирање, во рамки на „ЗАЕВ Социјално-хуманитарна програма“, крајна цел ќе биде изработка на Социјално-инклузивна мапа која ќе биде патоказ (roadmap) со преземените конкретни активности (како на пример:помош при професионална квалификација на испитаниците од целните групи, помош преку препорака за работно место на испитаниците од целните групи, советодавна помош на испитаниците од целните групи). Претходно наведените активности треба да резултираат коннамалување на сиромаштијата кај целните групипреку нивна социјална инклузија во општествените процеси, со фокус насочен кон градење поправедно и вистинско хумано општество.