ЗАЕВ Хакатон 24-25

Во рамки на „ЗАЕВ Хакатон“ кој има за цел да поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат предлог иновативни софтверски и мултимедијални решенија центрирани околу одредена актуелна тема, предвидена е одбележување на

11 Февруари - Меѓународен ден на девојките и жените во науката

Меѓународниот ден на девојките и жените во науката, 11 Февруари (International Day of Women and Girls in Science, 11 February), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации,а кој ќе биде одбележан преку развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти, на кој ученици ќе бидат девојки и жени. Овој хакатон ќе биде реализиран со цел да се зголеми интересот на девојките и жените кон вклученост во науката, имајќи предвид дека жените се сè поприсутни во науката, но тој напредок и нивна вклученост не се доволни.

21 Април - Светски ден на креативноста и иновативноста

  • Одбележување на Светскиот ден на креативноста и иновативноста, 21 Април (World Creativity and Innovation Day, 21 April), поддржувајќи ги „Глобалните цели за одржлив развој на Обединетите нации преку организирање на хакатон, како ден кој ќе биде стимулација на креативноста во решавањето на проблемите поврзани со постигнувањето на целите за одржлив развој. Истиот ќе им овозможи на учесниците да создадатпредлог-решенија и концепти за краток период,а времетраењетои видот на хакатонот дополнително ќе бидат дефинирани. Организацијата на хакатонот ќе има за цел да ги поттикне и мотивира младите да размислуваат во насока на развивање на иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тематиката која дополнително ќе биде определена, покрај креативноста ќе поттикне и претприемничко размислување кај младите.Предлог-решенијата и концепти треба да бидат наменети за решавање на специфичен проблем со кој се соочува група на граѓани, со предлог стратегија за имплементација и промоција на истата.

20 Јуни - Светски ден на бегалците

Светскиот ден на бегалците, 20 Јуни (World Refugee Day, 20 June), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на бегалците кои биле принудени да ги напуштат своите домови, пред сè, поради воени судири, насилство и прогон. Овој хакатон ќе биде реализиран во насока на развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти за справување со приливот на бегалци. Овие предлог-решенија и концепти треба да помогнат на справување со егзодусот во Украина, имајќи предвид дека истиот може да стане најголемата бегалска криза на векот.

 

15 Јули - Светски ден на вештини на младите

Светскиот ден на вештини на младите, 15 Јули (World Youth Skills Day, 15 July), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на младите, ќе биде одбележан преку организација на хакатон со развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти за успешен професионален развој на младите. Овој хакатон треба да резултира со предлог-решение или концепт за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на современиот пазар на труд, а кои треба да бидат алатка за конкурентност на младите на истиот.

 

Инцицијативи кои ќе бидат имплементирани во програмата се:

  • Хакатон за иднината на работата: Фокусиран на истражување на иднината на работата во дигиталната ера, истовремено предизвикувајќи ги учесниците да развијат иновативни решенија кои се однесуваат на прашања како што се работа на далечина, економичност, надградба на вештини и различност на работната сила. Соработување со индустриски партнери, работни организации и образовни институции за да се обезбеди реален увид и можности за учесниците да ги тестираат своите решенија во динамична средина.
  • Industry Immersion Hackathon: Соработка со водечки технолошки компании, стартапи и истражувачки институции за да им понуди на учесниците можност да се имаат увид во екосистемот на технолошката индустрија, притоа обезбедувајќи пристап до менторите на компаниите, експертите од индустријата и најсовремените технологии за да ги инспирираат и водат учесниците во развојот иновативни решенија. Организирање посети, разговори за технологија и практични работилници за учесниците реално се соочат со предизвиците од реалниот свет и новите трендови во технологијата.
  • Акцелераторска програма: Поддршка на тимовите во понатамошниот развој и скалирање на нивните проекти надвор од хакатонот, притоа нудејќи посветено менторство, можности за финансирање и пристап до ресурсите за да ги усовршат своите решенија, да изградат прототипови и да ги донесат своите идеи на пазарот. Поттикнување заедница на претприемачи, инвеститори и индустриски партнери за се стимулираат иновациите и претприемништвото меѓу учесниците.
Skip to content