Одбележување на Денот на микро, мали и средни претпријатија, 28 Јуни (Micro-, Small and Medium-sized Enterprises Day, 27 June), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кое ќе биде насочено кон намената за поддршка на иновации применливи во микро, мали и средни компании. Целта на оваа поддршка е да им се олесни патот на компаниите кои имаат потенцијал да реализираат иновативни бизнис идеи. Поддршката преку овој јавен повик ќе биде наменета за проекти кои имаат одржлив концепт и јасна амбиција за комерцијализација.
Одбележување на Светскиот ден за корпоративна општествена одговорност, 18 Февруари (World Corporate Social Responsibility (CSR) Day, 18 February)соцел зголемување на бројот на компаниитекои со своето транспарентно и етичко однесување ќе придонесуваат и понатаму за заштита на животната и општествената средина, одржлив развој и просперитет во заедницата во која живеат и работат. Активностите ќе бидат во насока на стимулирање корпоративна култура и иновативниот пристап во управувањето, кој вклучува волонтерски пристап и служење на заедниците. Истите треба да поттикнат промени во деловната заедница, имајќи предвид дека со вложувањето во општествената одговорност компаниите вложуваат во својата конкурентност, најмногу поради тоа што овие практики станаа предуслов за работа и извоз на странски пазари (особено на пазарот на Европската Унија). Претходно наведените активности треба да резултираат со зголемување на бројот на компаниитекои со своето транспарентно и етичко однесување ќе придонесуваат и понатаму за заштита на животната и општествената средина, за одржлив развој и просперитет во заедницата во која живеат и работат.
Стимулирање „Проекти за соработка во индустријата“ за поттикнување на соработката помеѓу стартапите и воспоставените бизниси во релевантните индустрии, каде што стартапите можат да добијат пристап до ресурси, експертиза и пазарни можности, додека воспоставените компании имаат корист од свежи перспективи и иновативни решенија
Стимулирање “Startup Bootcamps” кои им обезбедуваат на претприемачите аспиранти вештини и знаења потребни за започнување и зголемување на нивните бизниси
Организирање “Pitch Competitions” каде што стартапите можат да ги покажат своите иновативни идеи и деловни модели пред панел од инвеститори и експерти од индустријата
ZAEV Foundation © Copyright 2025 All rights reserved. Powered by Eon Marketing