Одбележување на Светскиот ден на водата, 22 Март (World Water Day, 22 March), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нациисо цел реализација на активности кон глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика. Активностите ќе бидат насочени кон негување правилен однос кон водата, како еден од најскапоцените природни ресурси во светот. Конкретно, предвидено е да се подигне свеста за огромната количина отпад која се фрла во водите и околу водите, како и опасноста водите да се претворат во водена депонија. Преку чистење на околината на Струмица, односно на Габровските водопади (на падините напланината Беласица, над селото Габрово), Смоларскиот водопад (нападините на планината Беласица, во регионот на селото Смолари) и Колешинскиот водопад (на падините на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, село Колешино). Со чистењето на околината на претходно специфицираните водопади, се промовира подобра заштита на природата и одржливо користење на природните ресурси.