ЗАЕВ Солидарно-инклузивна програма

Во рамки на ЗАЕВ Солидарно-инклузивна програмаќе биде спроведено поттикнување на социјалната инклузија на ранливи целни групи на население, како и намалување на ранливоста на населението соочено со одредени социјални ризици. Преку организирање пристапни настани кои ќе овозможат сите учесници, вклучувајќи ги и лицата со попреченост целосно да учествуваат, предвидена е реализација на:

1 Март - Ден на нулта дискриминација

Одбележување на денот на Денот на нула дискриминација, 1 март (Zero Discrimination Day, 1 March), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нациисо цел да се прослави правото на секој да живее полн живот со достоинство без оглед на возраста, полот, националноста, етничката припадност, бојата на кожата, професијата, образованието и верувањата. Имајќи предвид дека симболот за денот на нулта дискриминација е пеперутката (широко користена за споделување фотографии како симбол на трансформација), ќе биде објавен јавен повик за учество на конкурс од областа на фотографијата со употреба на овој симбол, на тема Животни приказни во борбата против дискриминацијата.

21 Март и 2 Април - Светски ден на лицата со Даунов синдром и подигање на свеста за аутизам

Одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21 Март (World Down Syndrome Day, 21 March) и одбележување на Светскиот ден за подигање на свеста за аутизам, 2 Април (World Autism Awareness Day, 2 April), прогласени од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, преку мапирање на семејствата на територија на општина Струмица кои во своето семејство имаат член кој што има Даунов синдром или аутизам. Мапирањето треба да резултира сопристапување кон реализирање на конкретни активности кои ќе придонесат кон зголемување на свеста и значењето на овие денови, а истите ќе бидат договорени во согласност и консултација со претходно наведените семејства. Овие активности, треба да бидат насочени кон рушење на предрасудите спрема луѓето кои што имаат Даунов синдром или аутизам, со дејствување во насока да се овозможинивно непречено интегрирање во целокупното општество.

3 Декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост

Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември (International Day of Persons with Disabilities, 3 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден за подигање на свесноста за правата на лицата со попреченост на секое ниво во општеството. Оваа програма ќе ги актуелизира перцепциите за попреченостите на овие лица, кои без разлика на одредена ментална или физичка попреченост, може да се направи нивна инклузија со правичен и достоинствен третман во обичниот живот. Една од активностите која ќе биде реализирана во оваа програма ќе биде заедничка подготовка и пакување на оброци при посета на Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација – Бања Банско, како установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со попреченост. Овие оброци ќе бидат дистрибуирани до ранливи група на граѓани на кои им е потребен топол оброк. Друга активност, покрај останатите, ќе биде организацијата на уметничка аукција во соработка со Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско. На оваа уметничка аукција ќе бидат изложени за продажба рачно изработените дела и творби од страна на лицата сопопреченост, а собраните финансиски средства ќе бидат еднакво поделени помеѓу самите учесници – лицасопопреченост. Целта на оваа активност е да се стави акцент дека овие лица можат да заработуваат користејќи ја својата креативност, како и подигање на општата свест за состојбата на лицата со попреченост во сите аспекти на социјалниот, економскиот и културниот живот. Со овозможувањето лицата сопопреченостактивно да учествуваат воопштественитепроцеси во согласност со своите можности, го извлекуваме на површина нивниот потенцијал и да даваме пример дека со искрена желба, пречките можат да резултираат со успешен резултат.

10 Декември - Меѓународен ден на човековите права

Меѓународниот ден на човековите права, 10 Декември (Human Rights Day, 10 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден на кој е усвоена Универзалната декларација за човекови права, со која се прогласуваат неотуѓивите права на секое човечко суштество.

Skip to content