ЗАЕВ Академија за млади лидери 25-26

Во рамки на „ЗАЕВ Академија за млади лидери“ е предвидено учесниците да можат да работат индивидуално и во групи со истакнати поединци, стекнувајќи лидерски вештини и унапредувајќи го својот професионален раст и развој. Точниот број на ученици, потребните професионални квалификации и компетенции, процесот на аплицирање, процесот на селекција, точната програма со предавања и интерактивни работилници, семинари и студиски посети дополнително ќе биде дефинирана. Реализацијата на оваа Академија предвидува одбележување на 2 (два) меѓународно значајни денови и тоа

24 Јануари - Меѓународен ден на образованието

Зимски модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на образованието, 24 Јануари (International Day of Education, 24 January), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кој ќе биде реализиран преку поттикнување на креативното размислување кај младите користејќи анализа на истражувачки проекти базирани на научни методи. Преку оваа активност, младите ќе бидат едуцирани како да употребуваат научни методи преку формулација, тестирање и потврда на хипотеза, а резултатите од истражувачкиот проект да бидат применливи. Истата ќе претставува активност со интердисциплинарен карактер, кој предвидува инклузивен пристап во формирањето на тимовите кои ќе бидат учесници на ЗАЕВ Академија за млади лидери од Западен Балкан.

12 Август - Меѓународен ден на младите

Летен модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на младите, 12 Авуст (International Youth Day, 12 August), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, преку реализирање низа активности. Претходно наведените активности ќе бидат со цел мотивација на младите поактивно да се вклучат во сите области од општествениот живот и да се охрабрат при носење одлуки од животно значење. Активности, кои младите треба да ги преземат за својата иднината, со што би обезбедиле подобра позиционираност во општеството.

Програмата ќе се имплементира преку следните иницијативи:

  • Симулиран самит за Западен Балкан

Младите ги претставуваат земјите на симулиран регионален самит за да преговараат за реални прашања - прекугранична употреба на вода, одлив на мозоци на младите или дигитална инфраструктура. Обука за преговори, дипломатија и јавно говорење.

  • Балкански дијалози за младинска размена

Поврзување на учесниците со врсничките академии во соседните земји за заеднички работилници во поглед на заеднички регионални прашања.

Skip to content