Кога Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донира наменски финансиски средства за потребите на одредена образовна институција, нашето задоволство е големо, но кога таквата донација е наменета за институција која, покрај образовната компонента, врши и рехабилитација, тогаш тоа задоволство е неспоредливо поголемо.
Таков е и примерот со Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ од Скопје, за чии потреби обезбедивме наменска донација од 90.000 денари за набавка на нова машина за пеглање алишта со валјаци, неопходна за нормално функционирање на пералната во ученичкиот дом.
Имајќи во предвид дека ДУЦОР „Партенија Зографски“ е единствена воспитно-образовна институција во Северна Македонија која врши и работно оспособување на ученици со оштетен слух од целата држава, тогаш донацијата од страна на нашата фондација, меѓу другото значи и доследно негување на силната верба во „едно општество за сите“. Нашиот идеал е општество со еднакви можности за сите граѓани, без оглед на нивните белези и специфики.
Во името на такавата верба, ги повикуваме сите општествено одговорни поединци и колективитети да ни се придружат во следните слични активности, како дел од една позитивна човечка мисија