Поддршка за стипендирање студенти кои студираат младинска работа

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, согласно програмските начела, ги промовира, афирмира и унапредува своите ставови и во делот на едукацијата на млади, врз основа на кои, меѓу другото,  започна соработка и со Филозофскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, за поддршка на програмата за втор циклус студии за младинска работа на овој факултет.

Како резултат на таквата соработка, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ одобри финансиска поддршка од 2.000 евра (во денарска противвредност), со која партиципира во севкупниот буџет за стипендирање на пет студенти кои се дел од циклусот студии за младинска  работа.  Таквата поддршка е уште еден наш скромен влог во унапредувањето на образованието и развојот на младите, а со тоа и во нивната вклученост во развојот на единиците на локалната самоуправа, зедницата и општеството.

Инаку, основачот и директор на нашата фондацијата Зоран Заев, уште во времето кога ја извршуваше функцијата – претседател на Владата на Република Северна Македонија, беше максимално ангажиран за отворање широк простор за младински политики со целосна поддршка на младите и нивниот развој. Таквите ангажмани, меѓу другото, подразбираа и конкретни чекори во делот на младинската работа.

Кога младите се во прашање,  нашата фондација овде не застанува.

„За да бидат наша иднина, младите треба да се наша сегашност“

Зоран Заев

Директор и основач

Skip to content