Една од програмите врз кои се темели постоењето и делувањето на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и Програмата за здрава животна средина. Имајќи во предвид дека грижата за животната средина го опфаќа и интересот за биодиверзитетот, нашата фондација, во соработка со сродни општествено одговорни компании, поддржа реализација на активност на Био-клубот при СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ од Скопје.
Имено, дел од учениците – членови на био-клубот, предводени од проф. Симона Јовевска, спроведоа теренска активност на територијата на Берово и Беровско езеро, како и во околината на Струмица, за собирање растенија, кои ќе најдат свое место во „Корчагинскиот хербариум“.
Заштитата на животната средина и истражувањето и збогатувањето со знаења од областа на биодиверзитетот ќе ги поддржуваме и во иднина.