Кога ќе речеме „едно општество за сите“ тогаш во зборот „сите“ припаѓаат сите чинители на општеството, без разлика на нивната етничка, верска, социјална, политичка и друга припадност. Во тоа мноштво граѓани припаѓаат и лицата со интелектуална или телесна попреченост, душевно болните и зависниците од алкохол и опојни средства, па дури и оние кои се огрешиле пред законот. Токму од тие причини, ние од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во само еден ден, подадовме рака на две установи од Скопје и Тетово, и тоа на: JУ „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ од Скопје и „Воспитно – поправен дом“ – Тетово.
Претставничката на нашата фондација Славица Заева најпрвин ја посети Јавната установа „Завод за рехабилитација на деца и младинци“, при што фондацијата, во соработка со нашиот партнер, општествено одговорната компанија „Ева Стаил“, донираше текстилни производи (облека) за лицата кои се згрижени во установата, во вредност од 28.000 денари. Оваа донација беше реализирана врз основа на претходно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ во кој се дефинирани целите на таа соработка и активностите кои ќе следуваат во наредниот период.
Инаку, Заводот врши дејности на социјална заштита и сместување на лица со интелектуална или телесна попреченост, душевно болни лица и лица зависници од алкохол, дрога и други опојни средства.
Потоа, Гопоѓата Заева го посети Воспитно-поправниот дом во Тетово, на кој Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во соработка со оопштествено-одговорни компании, донираше финансиски средства во висина од 50.000 денари и облека во вредност од 59.000 денари, за задоволување на потребите на оваа установа.
Инаку, „Воспитно-поправен дом“ Тетово е установа од полуотворен вид, чија основна функција е реинтеграција и превоспитен третман на малолетни и полнолетни машки лица на возраст од 14 до 23 години, сторители на кривични дела , на кои со решение на судот, им е изречена заводска мерка – „упатување во воспино-поправен дом“ во времетраење од една до пет години.
Нашата фондација, водејќи се од своите цели и начела, продолжува да биде верна на својата мисија, заедно со сите оние кои имаат исти погледи кон вистинските вредности.