Црвениот крст на Република Северна Македонија останува синоним и инспирација за хуманитарна активност за спречување и олеснување на страдањето на луѓето. Акциите и посветеноста на волонтерите се од исклучително значење за одржување и унапредување на човековото достоинство, за мирот и спокојството во нашата држава.
Од исклучителна важност е да се подигне свеста за значењето на основните принципи и вредности на оваа хуманитарна организација, за нивните напори да се изгради похумано општество во кое здравјето и благосостојбата на граѓаните се пред сè.
Само преку заеднички пристап и граѓанска поддршка можеме да бидеме незапирливи во градењето на подобро и посолидарно општество, а нашата држава да биде поубаво и побезбедно место за живеење.
Една успешна приказна од Црвениот крст ќе прикажеме и преку примерот и посветеноста на Александра Ристовски, координатор на националната програма, Промоција на хумани вредности.