Секое дете има право на безгрижно детство и достоинствен живот.
Детето има право на живот и преживување.
Детето има право на соодветно образование и воспитување.
Детето има право на здравствена и социјална заштита.
Детето има право на родителска грижа.
Детето има право на свое мислење и слобода на изразување
Детето има право на заштита од злоупотреба, насилство и дискриминација
Детето има право на обезбедување адекватен животен стандард за правилен развој.
Детето има право да се здружува со други деца.
Детето има право на одмор, игра и слободно време…
Овие се само дел од повеќето права на детето пропишани со Декларацијата за правата на детето, донесена пред 33 години од Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации.
Македонскиот потпис на оваа Декларација ни дава до знаење дека сме должни да ги почитуваме правата на детето како неделив сегмент од севкупните човекови права.
Децата мора да бидат наш најважен приоритет. Тие тоа го очекуваат од нас. Тие тоа го заслужуваат. Да им овозможиме ДЕТЕТО ДА БИДЕ ДЕТЕ.
По повод Детската недела која годинава се одбележува под мотото „Борете се за детските права“, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со финансиска и морална поддршка ја помага активноста за одбележување на Неделата на детето од страна на ЈОУГД „Детска радост“ – Струмица, во која се вклучени 350 деца од големите групи на оваа институција.
Кога веќе постои Недела на детето, тогаш нека бидат 52 такви недели во годината.