Skip to content

Финансиска поддршка за јубилејниот 15 „Концерт под маски“ на ООМУ„Боро Џони“

И на влезот во четвртата година од постоењето на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, продолжуваме со поддршката на традиционалните и трајни вредности кои со години и векови се негуваат во нашата земја. Таков е и случајот со повеќевековната традиција на празнување под маски во Струмица.

Нашата Фондација издвои 120.000 денари како финансиска поддршка на  јубилејното 15-то издание на „Концерт под маски“ на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица кое се одржа синоќа во НУЦК „Антон Панов“, како дел од осумдневните карневалски свечености. Станува збор за вистински музичко-сценски спектакл кој со години е еден од најатрактивните настани во рамките на свеченостите. За тоа сведочат двете изведби на концертот кој секогаш предизвикува огромен интерес кај струмичани, но и кај гостите од земјата и странство.

Финансиската поддршка од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ е наменета за покривање на дел од трошоците околу реализација на концертот.

На синоќешниот „Концерт под маски“ под наслов „Низ светот до нашиот шеќер“ настапија 343 ученици од прво до деветто оделение од ООМУ „Боро Џони“ кои измамија френетични аплаузи од бројната публика. Инаку, големиот струмички карневал ќе се одржи в сабота на 1 март, на кој се очекува да настапат над 1000 учесници под маски од земјата и странство.

Нашата мисија продолжува.