ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје 25-26

Во рамки на „ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје“, насочена кон унапредување на човековото здравје, здравствената благосостојба и соодветна здравствената грижа како најзначаен предуслов за зачувување на човековиот живот, предвидена е одбележување на

7 Април - Светски ден на здравјето

Одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 Април (World Health Day, 7 April), кој се одбележува на годишнината на основањето на Светската здравствена организација, преку покренување обуки за воведување на Медицински кловнови на територијата на општина Струмица. Водејќи се од фактот дека воведувањето Медицински кловновие програма која се има покажено за исклучитено успешна во лекувањето на пациентите на светско ниво, резултатите од истата треба да бидат во насока на помагање на пациентите во болница да го намалат стресот, анксиозноста и кај децата – стравот од лекари. Со завршената обука (психологија, социјална работа и нега), нашата цел е идните медицински кловнови на пациентите и дечињата кои се подолго време во болница, преку еден поинаков пристап сопсихо-социјалнa поддршка коja е најважна за здравјето на пациентите, да резултира со одвлекување на вниманието на пациентот од тешките терапии.

14 Јуни - Светски ден на крводарителството

Одбележување на Светскиот ден на крводарителство, 14 Јуни (World Blood Donor Day, 14 June), како ден кој ќе биде посветен на подигање на свеста за крводарителство и покажување на солидарност и човечност на делосо спасувајќи човечки животи, преку организирање на крводарителска акција во Службата зa трансфузиона медицинa, Струмица.

1 Октомври - Меѓународен ден на старите лица

Одбележување на Меѓународниот ден на старите лица, 1 Октомври (International Day of Older Persons, 1 October), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел зголемување на свесноста за проблемите со кои се соочуваат старите лица, како и потенцирање на придонесот на постарите лица во општеството. Одбележувањето на истиот ќе биде реализирано преку организирање „Неделата посветена на грижата за стари лица“, која ќе вклучува активности како што се посети на стари, осамени и изнемоштени лица во нивни домови, доделување на помош во храна и средства за хигиена, како и посета на домовите за стари лица на територијата на општина Струмица.

10 Октомври - Светски ден посветен на менталното здравје

Одбележување на Светскиот ден посветен на менталното здравје, 10 Октомври (World Mental Health Day, 10 October), поддржан од страна на Светската здравствена организација, имајќи го предвид притисокот што го налага новиот начин на живот. Особено кај младата популација се создава основа за развој на депресија, бидејќи тие како целна група се повеќе под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медиуми, кои не се слика на реалноста и создаваат услови за социјална изолираност со чувство на неприфатеност. Согласно претходно наведеното, ќе бидат реализирани активности за превенција против претераната употреба на друштвените мрежи, појава на страв од исклученост (fear of missing out), автоагресивното однесување, социјалната дисфункционалност, отуѓувањето, изолацијата и чувството на осаменост, кои треба да резултираат со зголемување на свесноста за сериозноста на овој проблем.

27 Декември - Меѓународен ден на подготвеност за епидемии

Одбележување на Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, 27 декември (International Day of Epidemic Preparedness, 27 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации и Светската здравствена организација, поради потребата да се промовира важноста на подготвеноста, превенцијата и партнерството против епидемии. Ќе бидат реализирани активности за заштита на животот и здравјето на граѓаните, како директен придонес кон зголемување на квалитетот на грижата на пациентите.

Програмата ќе биде импелементирана со следните иницијативи:

  • Предизвик на заедницата „Здрави навики“

Едномесечен предизвик кој ги охрабрува семејствата да најавуваат дневни здрави активности (хидратација, вежбање, спиење) преку едноставна апликација, со неделни награди спонзорирани од локални бизниси.

  • Серија на поткасти за раскажување здравствени стории

Стартување подкаст каде локалните жители споделуваат лични стории за здравјето.

  • Денови за здравје на крводарителите

Обезбедување бесплатни здравствени прегледи и велнес услуги на деновите на крводарителство, поттикнувајќи ги донаторите со здравствени прегледи и консултации за исхрана.

  •  Работилници за техничка писменост за постари лица

Овозможување практична обука, безбедност на интернет и социјални медиуми, помагајќи им на постарите да останат поврзани со семејството и да пристапат до информации за здравјето на интернет.

  • Терапевтски прошетки „Nature & Nurture“.

Стимулирање редовни прошетки по шумите или бреговите на реката во комбинација со вежби за свесност и дишење, промовирајќи терапија со природата за ментално здравје.

  • Обука за прва помош за ментално здравје

Одржување работилници за прва помош за ментално здравје за воспитувачите и лидерите на заедницата за да ги идентификуваат и поддржат луѓето во криза.

  •  Амбасадори за подготвеност од епидемија на заедницата

Обука на волонтери амбасадори во населбите за ширење на свеста за превенција од епидемии, лична хигиена и протоколи за одговор при итни случаи.

Skip to content