Љубовта, хуманоста, емпатијата, разбирањето и безрезервната подготвеност да се помогне таму каде што е потребно, се петте главни начела од мисијата на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општесатво за сите“.
Една од повеќето донации, поддршки и спонзорства, е наменета за Здружението на слепи лица – Струмица. Станува збор за донација преку која му помагаме на ова здружение да ги реализира предвидените активности, во услови кога донациите од државата не ги задоволуваат ни основните потреби на неговите членови. Со донацијата од нашата фондација, на здружението ќе му биде овозможено да ја продолжи соработката со Сојузите на слепи лица од Петрич и Благоевград, Република Бугарија, како и да ги реализира другите активности од годишната програма кои се во функција на социјализација на своите членови.
Инаку, Здружението на слепи лица – Струмица постои веќе 50 години и како такво води грижа за лица со делумно или целосно оштетен вид, а во него членуваат лица од општините Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и Валандово.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општесатво за сите“ овде не застанува. Продолжуваме и натаму со желба да ни се придружат и други хумани субјекти и општествено одговорни компании.


