По вторпат спонзори на „100 илјади поети за промена“

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и натаму е незапирлива во поддршката на манифестации од областа на културата кои ги негуваат и унапредуваат вистинските и трајни културни вредности.  Имајќи во предвид дека таквите содржини, покрај другото, ја афирмираат и македонската култура во меѓународни рамки, спонзорствата од страна на нашата фондација секогаш завршуваат на вистинските адреси.

Такво е и нашето повторното спонзорство на една значајна меѓународна поетска  манифестација која се одржа деновиве во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Станува збор за  јубилејното 15 издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на која беше промовирана истоимената збирка, а се одржа и поетско читање на дел од застапените домашни поети, како и творци од Словенија, Унгарија, Бугарија, Грција и други земји.

Skip to content