Донација за сервисирање на крстот над Струмица

Струмичкиот крст кој се наоѓа на ридот Самураница, веднаш над Спомен-костурницата, деновиве повторно ќе светне во полн сјај.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше финансиски средства за сервисирање на крстот и негово повторно враќање во првобитната состојба, имајќи во предвид дека извесен период значаен дел од него беше неосветлен.

Грижата за таквите белези, како што е крстот над Струмица, треба да биде постојана. Со тоа ги негуваме вистинските вредности кои секогаш не прават духовно исполнети.

Инаку, крстот е висок 18,5 метри, а беше подигнат во октомври 2006 година, што значи дека следната година ќе се навршат 20 години од неговото поставување.

„Секоја подадена рака значи љубов и добрина. Колку повеќе подадени раце, толку повеќе причини за гордост и среќа“, велиме ние од  Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“…

Skip to content