И во новата година со нова донација

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и на почетокот од својата јубилејна-петта календарска година од своето постоење, останува верна на своите начела, принципи, цели и заложби.

Новата 2026 година ја започнуваме со донирање финансиски средства во рамките на „Заев – спортско-рекреативна програма“. Деновиве, нашата фондација излезе во пресрет на барањето на правен субјект чија приоритетна дејност е образование и настава од областа на спортот и рекреацијата. Станува збор за ЕЛГОКИД ДООЕЛ Струмица – Друштво за спорт, обука, тренинг, стрелаштво, производство, трговија и услуги, кое годинава планира реализација на серија обуки, како и активности за афирмација, популаризација и унапредување на спортското стрелаштво, чија целна група би биле младите. Нашата фондација обезбеди донација од 100.000 денари, како поддршка за реализација на организационата поставеност на друштвото за сите предвидени обуки и тренинзи во текот на 2026 година.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и во наредниот период од тековната година, ќе ги поддржува активностите кои се во функција на развојот на спортот и младите, но и бројните ангажмани кои ќе бидат од исклучително значење за прогресот на македонското општество. За таков вид поддршка очекуваме да ни се придружат и други општествено одговорни субјекти.

Skip to content