Финансиска поддршка за издавање ретка книга

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, низ годините на своето постоење, честопати финансиски ги поддржува македонските литературни творци и издавањето на нивни дела. Таков е случајот и со спонзорството од нашата фондација за издавање на најновата книга на струмичкиот литерат Ацо Ѓоргиев. Станува збор за книгата „Дешавки“ – збирка хумористични раскази (анегдоти) од струмичкиот крај, напишана на автентичен струмички дијалект. Оваа ретка книга е своевидно продолжение на збирката со слична содржина „Прикаски у три реда и еден уврт“  со која Ацо Ѓоргиев се претстави пред читателската публика во 2023 година.

Инаку, Ацо Ѓоргиев е познат македонски и балкански афористичар, а во последно време е активен и како раскажувач, поет и драмски автор.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и во наредниот период ќе продолжи со поддршката на литературното творештво, помагајќи ја притоа и афирмацијата и популаризацијата на македонските автори.

Skip to content