Донација од 300.000 ден за студиско патување во Шпанија

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ останува доследна на своите визии, цели и начела, но и за негување на суштинското значење на името кое го носи, еднакво поддржувајќи ги сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, социјална, политичка, возрасна или родова припадност.

Најновата финансиска поддршка од нашата фондација е наменета за припадничките од понежниот пол од Организацијата на жени – Струмица. Станува збор за донација од 300.000,оо денари за реализација на студиско патување во Шпанија. Имено, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, активистки од Република Северна Македонија се поканети на студиска посета во градот Севиља – Шпанија. Целта на посетата е одбележување на 8 Март и активности за размена на искуства, знаења и добри практики за унапредување на положбата и статусот на жените, како и зајакнување на женското учество во општествените и јавните процеси. На седумдневното студиското патување во Севиља ќе заминат десет активстки за женски права од Република Северна Македонија, вклучително и претставнички на граѓански организации и советнички на локално ниво.

Жените заслужуваат почит и внимание, а Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ е секогаш на располагање за поддршка на нивните активности.

Skip to content