Покрај помошта и поддршката на македонски здруженија, институции, клубови и поединци од разни области во нашата земја, Фондацијата „ЗАЕВ-Едно општество за сите“ поддржува македонски друштва, здруженија и клубови и во други европски земји во кои активно членуваат македонски иселеници.
Таков пример е Македонското културно друштво „Кочо Рацин“ Обала-Копер (Словенија) кое постои цели три децении. По повод успешното 30-годишно постоење на ова друштво, нашата фондација обезбеди донација за реализација на предвидените активности со кои ќе биде одбележан овој јубилеј на МКД „Кочо Рацин“.
Покрај низата проекти, како што се „Звук на традицијата“ „Недела на македонската култура“ и други, Македонското културно друштво „Кочо Рацин“ Обала-Копер (Словенија) се одликува и со одржување часови по фолклор за своите членови, организирање настани од областа на културата: фолклорни вечери, литературни програми, активности поврзани со македонскиот јазик, музиката и обичаите, со кои Македонците од Словенија, особено оние од приморскиот дел, го негуваат и зачувуваат својот македонски идентитет. Богатството од активности и 30-годишниот јубилеј на МКД „Кочо Рацин“ се добри причини за Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, донацијата да ја упати на вистинската адреса.
ДОНИРАМЕ, ЗАТОА ШТО ПОТРЕБИТЕ ГИ РАЗБИРАМЕ.


