Донација за младата каратистка Илијана Серафимова

Младите талентирани спортистки и спортисти кои со успех го афирмираат и популаризираат македонскиот спорт во земјата и странство, заслужуваат постојана институционална финансиска поддршка, како и поддршка од фондации и општествено одговорни компании, со цел – континуирана мотивација која води до развој на спортот кај нас. Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ го прави токму тоа.

Младата  македонска каратистка Илијана Серафимова која има само 18 години, а е актуелна балканска шампионка и освојувачка на бројни домашни и меѓународни признанија, учествуваше на Светското првенство во карате, кое од 11 до 19 октомври, се одржа во градот Бјелско Бјала во Полска.  Нашата фондација обезбеди донација за Илијана, со која се покриени дел од трошоците за нејзиното учество на Светското првенство, меѓу најдобрите каратисти од целиот свет.

Инаку, Илијана е членка на карате клубот „Кизаме“ од Скопје, кој е нејзин матичен клуб.  Во категоријата на која и припаѓа, таа со успех ја претставувала нашата земја на повеќе меѓународни турнири, а еден од најголемите нејзини успеси е освоениот златен медал на Меѓународниот турнир „Марсеј опен“ во Франција. Со пласманот на Светското првенство во Полска, Серафимова обезбеди учество и на престижно натпреварување во Истанбул, Турција.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и натаму продолжува да ги поддржува младите македонски спортисти, со надеж за нивни нови стремежи, скалила и дострели во меѓународниот спорт.

Skip to content