ЗАЕВ ФОНДАЦИЈА е невладина, непартиска и непрофитна фондација од добротворен и хуманитарен карактер и дејност, која се основа заради остварување на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси преку вршење на дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната заедница, културата, спортот, уметноста, јавното здравје, едукацијата на млади во различни области и заштита на животната средина, во согласност со Уставот и законите.
ПОАЃАЈЌИ ОД СВОИТЕ ЦЕЛИ И НАЧЕЛА, ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА БИДЕМЕ ПОДАДЕНА РАКА НА ОНИЕ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА!
Вице Заев е роден на 23 септември 1975 год. во Струмица. Основно и средно образование завршил во родниот град, а се стекнал со високо образование Економски факултет - Оперативен менаџмент.
Првиот професионален ангажман го има како комерцијалист во компанијата „Тргопродукт“ во 1995 – 1996 год., а од 1996 год. до денес го води секторот за кредитирање во Штедилницата „Пеон“. Во 2009 година станува основач на компаниите „Тотал Инженеринг“ и „Тотал Електрик“, а подоцна и коосновач на компании од областа на трговијата, производството, транспортот и др. Активно работи и како инвеститор на полето на енергетиката.
Како член е на неколку хуманитарни здруженија, самостојно организирал и реализирал повеќе акции со добротворни цели во родниот град и државата.
Toj е сопруг и татко на две деца.
Зоран Заев е поранешен премиер на Република Северна Македонијакоја, функција како избрано лице ја вршеше во периодот од јуни 2017 до јануари 2020 година и подоцна од август 2020 до јануари 2022 година.
Зоран Заев е искусен политичар посветен на градење подобра иднина за Северна Македонија и Западен Балкан како дел од ЕУ. Тој е страсен поборник на концептот „Едно општество за сите“, за просперитет преку дијалог, компромис, мир и меѓусебно почитување.
По неговиот избор за премиер на Република Македонија во 2017 година, тој енергично работеше на подобрување на имиџот на земјата на меѓународната сцена. Како резултат на тоа, во јули 2018 година, на Самитот на НАТО во Брисел, Република Северна Македонија ја доби поканата за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО и на 27 март 2020 година Северна Македонија стана дел од НАТО семејството на триесет нации и скоро една милијарда луѓе. Покрај тоа, Заев е силен поддржувач на аспирациите на земјата за евроатлантска интеграција, со фокус на добрососедската политика, враќајќи ја довербата на стратешките партнери од ЕУ и САД.
Откако стана премиер, Заев го потпиша Договорот за стратешко партнерство, пријателство и добрососедство со Бугарија, а во јуни 2018 година, новата Влада, предводена од Заев, го потпиша Договорот од Преспа со Грција за решавање на прашањето за името, со што се создава нова позитивна динамика за регионот. Заев, заедно со премиерот Ципрас од Грција, е добитник на наградите Евалд Фон Клеист, Меѓународниот мир на Вестфалија за 2020 година, Хесијанската награда за мир 2020 и Наградата за развој на Европа за најдобра практика во промовирање на соработка, единство, вклучување разновидност и позитивно размислување. Двајцата лидери беа номинирани и за Нобеловата награда за мир во 2019 година. Неодамна, Заев ја доби наградата за човекови права за 2020 година на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Берлин.
Од 2003 до 2005 година, тој беше член на македонскиот Парламент, по што се кандидираше за градоначалник на Струмица, позиција што ја извршуваше три последователни мандати, од 2005 до 2016 година. Во 2008 и 2009 година градот ја освои највисоката национална награда за животна средина, додека како градоначалник, Заев ја доби наградата за најдобра практика од Советот на Европа за првото јавно приватно партнерство во земјата. Тој беше избран за лидер на владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) од 2013 година и на таа позиција беше до декември 2021 година, а беше заменик претседател на партијата помеѓу 2006 и 2013 година. Заев е член на СДСМ од 1996 година.
Зоран Заев е дипломиран економист. Оженет и татко на две деца.
Роден е на 13 јуни 1977 година во Скопје. Средното училиште го завршува во 1995 година. Венко Филипче дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година. Неговата специјализација по неврохирургија започнала во 2003 а завршила во 2008 година. Во 2004 година e избран за асистент на факултетот.
Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација, насловена “Евалуација на адекватен тајминг за третман на руптурирани интракранијални аневризми” во 2015 година.
На 25.12. 2017 година Венко Филипче е избран за министер за здравство во Владата на Република Македонија и пред да стапи на министерската функција бил советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.
Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.
Како еден од основачите на фондацијата „Едно општество за сите“ се стреми за градење на подобро општество преку програмите засегнати со подигање на свеста за јавното здравје, спортски активности.
Ние замислуваме земја во која луѓето избираат да градат живот, луѓето се преселуваат да создаваат домови затоа што сакаат, а не затоа што мораат.
Ќе работиме кон нашите цели и ќе ги вклучиме и подобриме животите на луѓето од различно потекло, различни политички ставови, религија и националност. Поттикнување на луѓето со посебни потреби и инвалидитет да бидат храбри и вклучени.
Помагање за подобрување на животот во секој сегмент од нашето општество: здравство, образование, животна средина, спорт и култура.
Транспарентност, сочувство и поврзаност - Да се има искрена комуникација, да се нуди помош и да се биде поврзан со различни сегменти од општеството, да се зближат сите, под исти цели, мисија и визија
ПРОГРАМИ
НАСТАНИ
УЧЕСНИЦИ
ГРАДОВИ
ZAEV Foundation © Copyright All rights reserved. Powered by Eon Marketing