Одбележување на Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај (International Labour Day, 1 May), преку преземање конкретни чекори за социјална и економска инклузија, имајќи предвид дека основно право на човекот е да биде заштитен и сигурен на работното место, а одлика на секое современо општество е почитување и вреднување на сечиј труд подеднакво;
Одбележување на Денот на Европа, 9 мај (Europe Day, 9 May), преку организирање на „Европска недела“ на територијата на општина Струмица, водејќи се од постулатот дека Европа е концепт кој е заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, а не само географска одредница;
Одбележување на Меѓународниот ден на пријателството, 30 Јули (International Day of Friendship, 30 July), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.
Одбележување на Меѓународниот ден на мирот, 21 Септември (International Day of Peace, 21 September), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на зајакнување на идеалите за мир меѓу сите народи.
Одбележување на Денот на Обединетите нации, 24 Октомври (United Nations Day, 24 October), кој ќе биде посветен на иницијативата за зголемување на јавната свест за реализација на „17-те цели за одржлив развој“, усвоени од страна на светските лидери во 2015 година. Секоја од 17-те цели претставува предизвик за целиот свет и за нивната реализација е потребна соработка помеѓу сите општествени актери;