Денес, нашата Фондација „Заев – Едно општество за сите“, потпиша Меморандум за соработка со општина Струмица, претставувана од градоначалникот Костадин Костадинов. Предмет на Меморандумот за соработка е давање меѓусебна поддршка, помош и соработка при реализирање на активности кои се од наш заеднички интерес, а во согласност со регулативите и процедурите на секоја од двете страни.
Нашата меѓусебна соработка ќе се реализира во различни области од делокругот на нашетото работење, како и во рамки на различни проекти, за кои двете страни ќе имаат взаемен интерес. Соработката може да опфаќа: подготовка и реализирање на заеднички активности и проекти, взаемна промоција на веб страни, размена на информации за учество на настани организирани од Општината и нашата Фондација, размена на идеи кои се од заеднички интерес и сл.