Актерството како уметност придонесува за популаризација и презентирање на традицијата и културата на нашата земја и создава мост за зближување и запознавање меѓу народите.
Македонскиот театар од секогаш бил вклучен во модерните европски и светски уметнички текови преку постојаната грижа за зачувување и афирмација на македонското уметничко и културно богатство и наследство, важно за вкупниот развој на Република Северна Македонија.
Цврсто верувам дека силата на културата, соработката, креативноста ќе ја надраснат моменталната кризна состојба во светот. Уметноста има тешка и одговорна задача, да ни помогне да останеме луѓе, да нè опомене дека сме создадени за добро и да го разбуди најдоброто во нас зошто колку и да сме добри, уметноста не прави подобри.
Актерката Сања Арсовска е позитивен пример дека со постојана работа и креативност може да се има убава успешна приказна.