Новинарството е јавна и одговорна професија. Демократијата и слободата на едно општество зависат од слободата на говорот на новинарите и на медиумите. Република Северна Македонија е демократска земја, во која целосно се почитуваат слободата на говор и на слободно изразување. Медиумите во земјава треба да работат ослободени од било какви притисоци, да ги информираат граѓаните навремено, точно и без цензура. Да се задржат фундаменталните принципи на новинарската професија за чесно и отчетно информирање на граѓаните.
Новинарите и медиумите не треба да прават пропаганди, туку да се придржуваат до професионалните стандарди бидејќи медиумската пропаганда им штети на професионалното новинарство и на правото на граѓаните да бидат објективно и точно информирани.
За една новинарска успешна приказна зборуваме со Ерол Шакири, новинар.