Одбележување на Меѓународниот ден на шумите, 21 Март (International Day of Forests, 21 March), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, на кој ќе бидат реализирани активности за зголемувањето на зелените површини кои се од огромно значење за зачувување на биодиверзитетот, здравјето на населениет и ублажување на ерозивните процеси и поплавите. Оваа програма е нашиот потребен придонес за заштита на животната средина, преку која ќе бидат засадени дрвја, цвеќиња и грмушести растенија, придонесувајќи кон создавањето зелена иднина за сите.
Одбележување на Светскиот ден на водата, 22 Март (World Water Day, 22 March), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел реализација на активности кон глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика. Активностите ќе бидат насочени кон негување правилен однос кон водата, како еден од најскапоцените природни ресурси во светот. Конкретно, предвидено е да се подигне свеста за огромната количина отпад која се фрла во водите и околу водите, како и опасноста водите да се претворат во водена депонија. Преку чистење на околината на Струмица, односно на Габровските водопади (на падините на планината Беласица, над селото Габрово), Смоларскиот водопад (на падините на планината Беласица, во регионот на селото Смолари) и Колешинскиот водопад (на падините на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, село Колешино). Со чистењето на околината на претходно специфицираните водопади, се промовира подобра заштита на природата и одржливо користење на природните ресурси.
Одбележување на Меѓународниот ден на планетата Земја, 22 Април (International Mother Earth Day, 22 April), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кој ќе биде одбележан преку уредување на јавните површини и простори заедно со граѓаните на територијата на општина Струмица. Овие активности ќе вклучат хортикултурно уредување (засадување на садници прилагодени на поднебјето на предвидениот јавен простор, нанесување на почва и оформување на тревници) и поставување урбана опрема (замена на постоечки клупи за седење и поставување нови; замена на нефункционални корпи за отпадоци и поставување нови). Крајниот резултат од овие активности треба да придонесе кон подигнување на нивото на хигиена на овие јавни површини и простори, како и обезбедување на поквалитетен начин на живот за граѓаните.
Одбележување на Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни (World Environment Day, 5 June), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, преку преземање мерки за подобрување на третманот на животните, подобрување на неопходните стандарди згрижување и намалување на бездомните кучиња и хумано справување со проблемите со бездомните животни.
Еко-предизвици - Работилници за одржлива мода:
Организирање работилници фокусирани на одржлива мода, вклучително и обновување на старата облека и едукација за влијанието на модната индустрија врз животната средина.
Зелени денови:
Организирање месечни зелени денови каде што заедниците се охрабруваат да користат велосипеди или јавен превоз.
Уметнички проекти за биодиверзитет:
Соработување со локални уметници за да се создадат јавни уметнички инсталации кои ја истакнуваат локалната биолошка разновидност.
Работилници за одржливо земјоделство - Тури и демонстрации за урбано земјоделство:
Организирање обиколки на успешни урбани фарми и градини во заедницата.