Поддршка за организација на спортската „Полицијада“

Деновиве во Охрид заврши дводневниот централен спортски настан „Полицијада“, во организација на Гранскиот независен синдикат на полицијата, на кој учество зедоа над 400 учесници.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ финансиски го поддржа Гранскиот независен синдикат на полицијата, за покривање на дел од неопходните трошоци поврзани со севкупните активности околу организацијата на оваа спортска манифестација.

Кога на една „Полицијада“ спортските резултати се во втор план, а примарни се целите, како што се: зголемување на довербата меѓу полициските службеници за непречено функционирање на безбедносниот систем, афирмација на здравиот животен стил и зајакнување на односот на полицијата и заедницата, тогаш   Независниот синдикат на полицијата, како  непрофитна организација, ја заслужи добиената поддршка, но и сите честитки од нашата фондација.

Активностите на „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, согласно своите програмски определби, продолжуваат и натаму на сите можни полиња.

Skip to content