Кога велиме „Едно општество за сите“, тогаш, меѓу другото, мислиме и на општество за сите возрасти, меѓу кои се и децата. Токму затоа, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, е силен поддржувач на Конвенцијата на правата на детето на Обединетите Нации, а со тоа и негувач на принципите за заштита на правата на децата и нивните интереси, кои се дел и од законската регулатива во Северна Македонија.
Нашата фондација секоја година, во првата седмица од месец октомври, ја одбележува Детската недела, организирајќи или поддржувајќи активности кои се во функција на подигање на свеста за заштита на правата на децата.
Овојпат тоа го правиме со поддршка на „Театар Хит“ од Скопје, за продукција на тематското видео за правата и обврските на децата.
Со почит и љубов кон децата, погледнете го видеото, подолу: