„Науката не само што е компатибилна со духовноста туку таа е и длабок извор на духовноста. Науката е како свеќа во темница“. Овој цитат од Карл Сејган – американски астроном, космолог и автор, зборува за огромното значење на науката за човештвото.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ ги поддржува активностите на полето на науката преку својата специјална програма, наречена „ЗАЕВ-Хакатон“, која има за цел да поттикнува млади, креативни и иновативни луѓе кои пројавуваат интерес кон науката.
Нашата фондација финансиски го поддржа третото издание на натпреварот од Интернационалниот Хакатон – „NASA Space Apps Challenge“ кој деновиве се одржа во Струмица, а на кој учество зедоа натпреварувачи од повеќе градови. Натпреварувачите, во рок од 48 часа, решаваа проблеми поврзани со вселената, но и со загадувањето и глобалното затоплување на планетата Земја, оставајќи свој белег со апликациите кои ги создаваа, достапни на целиот свет на платформа во дигитална верзија. Со тоа Струмица стана една од 200-те NASA Space Apps Challenge локации на светската мапа.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и во наредниот период ќе ги поддржува активностите од областа на науката и вклученоста на младите во неа.