Здравјето пред сè. Донација за здружението „Хема-Онко“

„ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје“ е една од програмите на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ според кои се раководиме во секојдневното работење и во креирањето на нашите тековни активности. Оваа програма е насочена кон унапредување на човековото здравје, здравствената благосостојба и соодветната здравствена грижа како најзначаен предуслов за зачувување на човековиот живот.

Во рамките на програмата, меѓу другите активности, обезбедивме  донација и за Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки и онколошки заболувања и нивните негуватели „Хема-Онко“ од Скопје. Станува збор за здружение кое, водено од се поголемата инциденца на рак во земјата, веќе шест години посветено работи на остварување на своите цели поврзани со подобрување на грижата за пациентите со малигнитети, како и со поместувањето на здравствените норми во системот, во поглед на посовремни пристапи на дијагностика и лекување.

Донацијата од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“  е знак на пријателство, соработка и поддршка за членовите на Здружението „Хема-Онко“ за успешна реализација на нивните октомвриски активности од двата планирани настани  во рамките на кампањата посветена на ракот на дојката, како и продолжување на соработката со клучните чинители на здравствениот систем во државата.

Поддршката на такви и слични активности е многу повеќе од благородна и хумана работа. Тоа е мисија за иднината на граѓаните и општеството. Ги повикуваме сите фондации, здруженија, институции и општествено одговорни компании, да бидат дел од таа мисија.

Skip to content