Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува со поддршката на младите талентирани шахисти од Шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица, кои успешно го афирмираат струмичкиот и македонскиот шах во меѓународни рамки.
Последната поддршка од нашата фондација беше наменета за двајцата млади членови на струмичкиот шаховски клуб, Надица Велкова и Јован Вукашиновиќ, кои зедоа учество на Светското младинско првенство (за шахисти до 10 год.), одржано од 14 до 27 ноември во Монтесилвано-Италија.
Станува збор за исклучително талентирани млади шахисти кои годинава постигнаа голем успех на Државното шаховско првенство за млади, на кое и двајцата (во своите категории) го освоија второто место, со што се здобија со правото од Шаховската федерација, да бидат македонски претставници на Светското првенство за млади во Италија. Инаку, минатата година, Надица Велкова учествуваше на Европското шаховско првенство за млади во Романија, а Јован Вукашиновиќ беше учесник на минатогодишното Светското првенство за млади во Египет.
Ние од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ апелираме до сите сродни општествено-одговорни субјекти да го следат нашиот пример, затоа што младите талентирани лица, на сите можни полиња, ја заслужуваат нашата поткрепа. Колку повеќе нѐ има, толку поголема ќе биде поддршката. Колку поголема ќе биде поддршката, толку поголеми ќе бидат успесите на младите