Донација на новогодишни пакетчиња за деца на здравствени работници од Скопје

Новата година секогаш предизвикува возбуда и радост кај граѓаните од сите возрасти, но, без сомнение, децата се тие кои се најрадосни, во очекување на традиционалните новогодишни пакетчиња и подароци.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и годинава, како и минатата година, повторно излегува во пресрет на Синдикалната организација при „Здравствен дом Скопје“ – Скопје, со донација за набавка на новогодишни пакетчиња за децата на здравствените работници од оваа здравствена установа.

Со оваа донација ќе бидат обезбедени новогодишни пакетчиња за дечињата на 348 вработени во здравствениот дом, за да не биде обременет синдикалниот фонд кој се користи за други намени и суштински потреби на здравствените работници.

Нашата фондација ги повикува и останатите фондации, институции и општествено одговорни компании во земјата, да ни се придружат во убавата намера, да измамиме што поголем број новогодишни насмевки на лицата на најмалите жители на Северна Македонија.

Skip to content