Поддршка на Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ – Струмица

Името на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ има повеќеслојно значење. Едно од нив, меѓу другото, се однесува и на еднакво подадената рака и кон лицата со, и кон оние без попреченост, бидејќи во ова наше општество сите сме исти, или барем треба сите да бидеме исти.

Нашата Фондација деновиве подаде рака и на луѓето од Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица, финансиски поддржувајќи ја нивната организацијa на традиционалната манифестација „Убави сме, свои сме“.

На осмото издание на оваа манифестација учество зедоа 26 деца со попреченост од цела држава, кои, придружувани од познати лица од јавниот живот, дефилираа во парови на модна патека, а настапија и преку 120 деца со типичен развој од струмичките детски градинки и основни училишта.

Ако мисијата на нашата фондација е „едно општество за сите“, тогаш Здружението „Вера“ преку „Убави сме, свои сме“ и годинава покажа дека и модната патека е убава кога е за сите.

Ајде да се собереме повеќе во поддршката на таквите здруженија. Тие тоа го заслужуваат.

Skip to content