Донација за стрелачкиот клуб„Струмица“

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува со редовните активности за поддршка на македонскиот спорт. Деновиве нашата фондација донираше финансиски средства за потребите на Стрелачкиот клуб „Струмица“, а со тоа и за афирмација и популаризација на стрелаштвото кај нас. Донацијата е наменета за набавка на оружје и муниција кои се неопходни за нормално функционирање на тренажните и натпреварувачките активности на Стрелачкиот клуб „Струмица“, како и за непречена реализација на други клупски ангажмани.

Стрелачкиот спорт во Струмица има успешна долгогодишна традиција. И покрај одредени падови во минатото, во последните неколку години Стрелачкиот клуб „Струмица“ е во континуиран подем, за што зборуваат  учествата на држани и меѓународни натпревари, на кои струмичките стрелци бележат успешнии резултати, вредни за почит и внимание. Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ се надева дека таквите успеси ќе продолжат и во наредниот период.

Нашата фондација и натаму ќе го поддржува развојот на македонскиот спорт, со надеж дека во таа мисија ќе се вклучат и други општествено одговорни субјекти.

Skip to content