Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември (International Day of Persons with Disabilities, 3 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации како ден за подигање на свесноста за правата на лицата со попреченост на секое ниво во општеството. Оваа програма ќе ги актуелизира перцепциите за попреченостите на овие лица, кои без разлика на одредена ментална или физичка попреченост, може да се направи нивна инклузија со правичен и достоинствен третман во обичниот живот. Една од активностите која ќе биде реализирана во оваа програма ќе биде заедничка подготовка и пакување на оброци при посета на Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација – Бања Банско, како установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со попреченост. Овие оброци ќе бидат дистрибуирани до ранливи група на граѓани на кои им е потребен топол оброк. Друга активност, покрај останатите, ќе биде организацијата на уметничка аукција во соработка со Заводот за заштита и рехабилитација – Бања Банско. На оваа уметничка аукција ќе бидат изложени за продажба рачно изработените дела и творби од страна на лицата сопопреченост, а собраните финансиски средства ќе бидат еднакво поделени помеѓу самите учесници – лицасопопреченост. Целта на оваа активност е да се стави акцент дека овие лица можат да заработуваат користејќи ја својата креативност, како и подигање на општата свест за состојбата на лицата со попреченост во сите аспекти на социјалниот, економскиот и културниот живот. Со овозможувањето лицата сопопреченостактивно да учествуваат воопштественитепроцеси во согласност со своите можности, го извлекуваме на површина нивниот потенцијал и да даваме пример дека со искрена желба, пречките можат да резултираат со успешен резултат.