Нашите настани

Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Меѓународен ден на мирот

21/09/2022

Меѓународниот ден на мирот, официјално познат и како Светски ден на мирот, е празник одобрен од Обединетите нации, кој се одбележува секоја година на 21 септември. Посветен е на светскиот мир, а особено на отсуството на војна и насилство, како што може да биде предизвикано со привремен прекин на огнот во борбена зона за пристап до хуманитарна помош. Денот првпат беше прославен во 1981 година и го чуваат многу нации, политички групи, воени групи и луѓе.

МИР, Frieden, Peace, Paix, Mier, Pace, Fred, Paz, Nabad, Paqe, Béke…

Во различни земји на светот има различно име, но на сите граѓани на планетата тоа име им е суштинска потреба. МИР – колку мал збор, а толку многу значаен.

  • МИРОТ не е само цел кон која се стремиме, туку средство со кое доаѓаме до таа цел.
  • МИРОТ не може да се одржува со сила. Тој се постигнува само со разбирање.
  • МИРОТ не е отсуство на судири. Тоа е способност за решавање на судири со мирни средства.
  • МИРОТ во светот може да се постигне кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта. Како што нема вистински МИР без љубов, така нема и вистинска љубов без МИР.
  • Секој од нас го поседува она што е потребно за создавање МИР на земјата. Сите знаеме да сакаме, само треба да го користиме тоа знаење во сите аспекти на животот.

Бројни мислители, државници и други познати светски личности ни ги оставиле овие, но и уште многу други преубави  мисли за МИРОТ.

Но, МИРОТ е нешто повеќе од  сите тие мисли, заедно.

Едноставно, МИРОТ Е СЕ.

Гулабот на МИРОТ нека лета за сите деца и за сите МИРољубиви луѓе кај нас и во светот.

Честит и вековит нека е 21 Септември – Светскиот ден на мирот.

Details

Date:
21/09/2022
Event Category:
Skip to content