Одбележување на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир, 6 Април (International Day of Sport for Development and Peace, 6 April), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кој ќе биде проследен со организација на маратон на кој ќе биде промовиран мирот преку спортот. Сите учесници ќе бидат облечени во бели маици, а истите предвидената траекторија на трчање ќе ја завршуваат со покажување на бел картон – како симбол на мирот. Со овој симболичен момент, учесниците ќе испратат силна порака за заштита на мирот, заедничките вредности и заштитата на основните слободи и права, разбирајќи ги сите граѓани низ целиот свет, особено имајќи го во предвид неодамнешниот пресврт на настаните во Украина.
Одбележување на Светскиот ден на велосипедот, 3 Јуни (World Bicycle Day, 3 June), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел да се стимулира возењето на точак како извор на социјални, економски и здравствени бенефити, кои ги спојуваат луѓето. Истиот ќе биде одбележан со организација на „Вело недела“, која ќе има за цел да стимулира зголемена свест кај граѓаните да користат сѐ повеќе превозни средства кои не загадуваат како што се велосипедите. Во рамки на оваа „Вело недела“, ќе биде одбележана и иницијативата „Ride4Women“ која е започната од неколку европски лекари за да се подигне свеста за важноста на превенцијата и раната дијагноза на ракот на грлото на матката, преку возење велосипед на долги патеки.
Имајќи предвид дека спортот има многу важна улога во поттикнување на социјалната интерактивност и во градењето отворени заедници, ќе бидат преземени активности кои кај младите ќе создадатспортски навики преку дисциплина и тимска работа. Преку спортот, младите ќе учат да создаваат нови мрежи на познанства со своите врсници од регионот, во духот на здравите спортски навики и прифаќање на различностите, толеранцијата, почитување на конкуренцијата, натпреварувачкиот дух и тимската работа. Овие активности ќе бидат реализирани во чест на одбележување на Светскиот ден на превенција од самоубиства, 10 Септември (World Suicide Prevention Day, 10 September).