Уште едно спортско признание во рацете на Зоран Заев, директор на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“.
На Изборот на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери на Струмица за 2022 година, покрај традиционалните признанија за најуспешните во струмичкиот спорт, Општина Струмица и организациониот одбор на манифестацијата доделија и специјална Благодарница за особен придонес во спортот, која му припадна на директорот на нашата фондација Зоран Заев.
Во образложението за доделената благодарница, меѓу другото стои: „…Човекот кој го помагаше спортот во нашата општина како градоначалник, човекот кој го воведе спортскиот ваучер кога беше премиер на државата – мерка која го подигна квалитетот на преку 800 клубови во целата држава и човекот кој преку Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува да го помага спортот, спортските клубови и спортисти во нашата општина и целата држава…“.
Инаку, преку својата „спортско-рекреативна програма“ за 2023 година, нашата фондација ќе ги продолжи активностите во функција на поддршка, афирмирање и унапредување на македонскиот спорт во домашни и меѓународни рамки.